речник контакт

Манастирот Св. Димитрија ги отвори портите на македонските етно рецепти

Илјада жени ги претставија македонските домашни рецепти на Етно жена во Велес

Петар Печков

Дворот на манастирот Св. Димитрија во Велес беше претесен да ги прими сите гости кои дојдоа на завршницата од манифестацијата ,,Етно жена,, . Околу илјада жени од 20 градови во Македонија донесоа свои локални специјалитети, подготвени за оваа средба. 

На масите можеше да се најде бренд, локален специјалитет  кој го краси  и е карактеристичен за секој град од земјава. Манифестацијата имаше хуманитарен карактер, бидејќи сите производи се продаваа а собраните средства се наменети за   црковната народна кујна и за опремување на трпезаријата од манастирот. Меѓу бројните гости беше и  родената велешанка, сега жителка на Сомбор – Србија,  Таа не го криеше воодушевувањето од  настанот.

Случајно разбравме за манифестацијата, слични има и во Сомобр. Местото на одржување ме потсети на матурата, оти по прославата, сите заедно доаѓавме тука цела генерација. Од бројната понуда се решив за мазник од Битола, прекрасен, незаборавен  вкус  - изјави Родна Боциќ.

Велес беше домаќин на завршната манифестација на ,,Етно –жена,, која ја организира Вешта жена и организацијата на жени од Велес , откако лани при кршењето на погачата паричето са паднало кај велешанки.  Тие цела година го имаа во сопственост преодниот пехар. За добро расположение на гостите се погрижија Распеани велешани, КУД Керамичар.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »