Петар Печков
Објавено: петок, 03 мај 2013
Традиционално во првиот петок по Велигден, Манастирот Св. Димитрија го слави Источен петок – Балаклија, денот на светите води кои се наоѓаат во негово окружување,а за кои народот верува дека се лековити. Празникот се славел во турско,српско,во бивша Југославија и сега во годините на самостојна Република Македонија.
Порано се славел со голем панаѓур,верниците останувале и неколку денови во конаците,се носеле јагниња за здравје,народот се веселел со песни и игри . Низ годините и старите фотографии пронајдов неколку,многу значајни фотографии,но и написи – извадоци од дневникот на еден турски офицер,малку познат кај нас,но многу значаен за Република Турција, политичар и писател за деца,умрел млад, на 36 години од дијабетес.
Тоа е Omer Seyfettin, турски офицер кој служел во Гарнизон во Велес во периодот пред 1908-9 година,во години на Младотурската револуција. Делови од Дневникот на Омер Seyfettin во кој тој го опишува токму денот – петок – балаклија,кога специјален воз со верници доаѓал од Скопје во Велес. Железничката станица во Велес во тоа време се наоѓала под Градскиот часовник,непосредно пред зградата на Повардарската Епархија на МПЦ.
Еве изворно што запишал турскиот офицер по повод овој настан:
..3 април
Денес е петок ... Волонтерите пристигнуват. Баталјонот резервисти се мобилизира. Сите мои другари во баталјон го предвидуваат нашето распоредување. Сите наши војници носат бела kulah [капа]. Полицајците, исто така. Нашите cariks [обувки] беа подмачкани. Ќучук мост беше релативно празен. Го поминавме. Специјален воз се вели дека е дојден од Скопје. Постои Манастир тука [во Koprulu]. Ова беше ден кога Манастирот имаше ден за славење ... Кога стражите на станиците по должината на пругата ќе се повлечат назад, можеби на нашиот баталјон ќе му се нареди акција. Стигнав во касарната. Никој не беше во собата. Сите седеа надвор. Ги напишав набљудувањата на денот. Јас сега ќе се приклучам на другите надвор и ке ја гледам парадата на верниците во посета на манастирот.Војниците ке ги обезбедуваат. Времето е толку жешко, толку топло што не можам да седам со мојата туника понатаму...
Верниците пристигнувале рано наутроа на турските војници им било наредено да ги пратат и обезбедуваат по целата должина на патот, да спречат верски нереди и секаков вид насилство. Традицијата на славење на празникот продолжила се до денешен ден. Познат е големиот панаѓур што се организирал во манастирскиот двор,со ора,песни,зурли, тапани и гајди.
Манастирот како да е создаден да ја врати вербата на луѓето. Верници го посетуваат преку целиот ден до касно во ноќта манастирот Св. Димитрија, палат свеќи, даруваат за здравје. Некои од нив престојуваат во конаците,носат поклони,се дружат.
Автор Љупчо Данов
Tweet |