Петар Печков
Објавено: вторник, 05 февруари 2008
Петстотини жени пензионери од дваесетина града на Македонија беа гости на манифестацијата „Благцата на баба“ каде беа понудени стотина ретки и малку подготвувани десерти.
Извадени од подзаборавените кувари, на гостите им беа понудени блага кои ги подготувале нивните мајки и баби. На богатата маса имаше гурабии, тиспиштија која се подготува со пекмез од тикви, фурма се готви со гриз, татлии, шеќерлемиња, раванија, кадаиф, баклава, а за да се долови мигот во кој живееме беа изработени и нови американски торти, урма торта, егзотик.
Средбата која ја организираше Активот на жени пензионерки од Велес имаше и хуманитарен карактер бидејќи гостите собраа 15 илјади денари, средства кои ги наменија за акцијата „Насмевката лекува“ со која се опремува Детското одделение на Болницата во Велес. Иста вредност, за истата намена, одвоија и од Здружението на пензионерите на Велес.

Tweet |