Зоран Николов
Објавено: вторник, 04 јули 2006
ФИФА ја суспендираше Грција од сите фудбалски натпреварувања поради постојано мешање на политиката во фудбалот. Со ова Светската фудбалска репрезентација од закани прејде на дела во искоренувањето на политиката од спортот. За да биде иронијата поголема актуелниот европски шампион сега ќе може да се натпреварува со репрезентации како Северен Кипар и слично. Одлуката значи дека репрезентацијата и клубовите нема да можат да настапат во ниту еден меѓународен натпревар што е во организација на ФИФА или УЕФА, без разлика дали станува збор за пријателски и официјален меч. ФИФА уште минатиот септември ја опомена грчката влада и Конгресот дека ќе бидат суспендирани од организацијата доколку не ја почитуваат автономноста на државната фудбалска асоцијација. Главен проблем во целата работа е судирот помеѓу новиот министер за спорт и претседателот на грчката фудбалска асоцијација, кои припаѓаат на две спротивставени партии. По доаѓањето на власт министерот на неколку пати се обиде да протурка закон со кој се менува начинот на кој се избира претседателот на фудбалскиот сојуз со цел да го смени сегашниот претседател. Најголеми губитници во сето ова се клубовите а посебно големите како АЕК, Олимпијакос и Панатинаикос, кои поради суспензијата нема да можат да настап во Лигата на Шампиони и Купот на УЕФА а уште од сега се става под прашање настапот на Грција на европското првенство во 2008-ма. Извор: [url=on.net.mk/default-MK.asp?ItemID=21D8AEDFC1817F40BF32F9007EB29460]Он.Нет[/url]
Tweet |