Петар Печков
Објавено: вторник, 15 март 2016
Велешанецот Миле Анастасова доби условна затворска казна, но и обврска на оштетениот да му врати 7,5 илјади евра за кривичното дело измама. Тој ова кривично дело го признал пред судијата.
Во временскиот период од 1 април2012 до 20 јули истата година го оштетил Д.Д , за 7.500 евра. Анастасов прво му продал автомобил марка Форд Монд за сума од 3.000 евра и автомобил Фосфаген Пасат за 4.500 евра. Оваа купопродажба била заведена кај нотар со купопродажен договор.
По неколку дена од продажбата обвинетиот отишол кај Д.Д. и му рекол дека му е потребен автомобилот Форд Мондео и дека ќе му го врати за 2-3 дена, по што оштетениот му го дал возилото. По два дена возилото не му го вратил туку му се јавил и му тврдел дека возилото е на мајстор, па побарал да му го даде другото возило Фолсфаген Пасат за да зврши некои работи и дека двете ќе му ги врати за неколку дена.
Оштетениот му го дал и тоа возило, а Анастасов наместо да му ги врати возилата на оштетениот, на 20. јули 2012 година му ги продал на сведокот А. Б. од Велес. За ова Анастасов доби условна затворска казна од една година затвор, ако во следните три не стори друго кривично дело.
Или ако по три месеци од правосилноста не ги плати 7,5 илјади евра тогаш ќе оди затвор една година. Против Атанасов има други правосилни пресуди за измама кои ги сторил на повеќе сограѓани.
Tweet |