речник контакт

Маријачите го развеселија Велес

Мексиканците со нивните настапи на Фолклорниот фестивал, ги освоија велешани. Составот кој свири под балконите на девојките во Тореон дојде во Велес

Петар Печков

Пет дена додека траеше Фолклорниот фестивал во Велес, исто толку дена, нивни гости беа тричлениот состав Маријачи Ацтека од    Тореон Мексико.  Сите нивни настапи беа доживување за велешани, ги галеа срцата, ги исполнуваа просторот со прекрасните мексикански звуци.    

Тие на велешани на дело им го  покажаа значењето на зборот ,,маријачи,,  тоа е  ден на забава, на стар  јазик отомил, еден од многуте јазици освен шпанскиот кои се зборуваат во Мексико.  Составот постои десет години, а во сегашната постава е шест месеци.   Маријачите се улични свирачи. 

Групата постои десет години.  Маријачите ги има по територијата на целата држава. Во Тореон се собираме приквечер во центарот на градот. Кој има желба да му свиревме не поканува, не изнајмуваат. Свириме под прозорците на девојките, тоа се случува ноќе.  Некој да и покаже колку ја сака, заради романса,  други да понудат брак. Кај нас во Мексико постои уште тој романтизам на девојка да и се пее под балкон  - вели Педро Санчез, кој е основач на  составот.  

На прашањето дали им се случило, да бидат избањати од некоја девојка  со леген вода, одречно рекоа ,,не,, и додава дека ,,музиката во Мексико  може да преживее и вода и камења,,.     Доколку на девојката не и се допаѓа музиката, момчето кое ги порачало, таа нема да излезе на терасата на прозорецот и тоа е знак дека нема многу да свират. Но најчесто се случува девојката да го запали светлото од соба и да се  појави и ги слуша песните, наменети за неа.   

Песните кои ги пееме сите се љубовни, но дел знаат да бидат и за разочарување од љубовта. Повеќето се весели, дел се и тажни. Тие ги изразуваат чувствата на момчето кое ги порачува – додава Санчез.    

Триото доаѓа од градот Тореон, на северот Мексико, една од 32-те  тамошни сојузни  држави, град што се граничи со Тексас –САД.    Емануел свири на виолина, Херарадо на мала гитара –вихуела  и на гитарон Педро Санчез.  Преку оваа турнеја низ Европа, тие го приближуваат фолклорот на Мексико на стариот континент. Гостуваа во Грција, Србија, Црна Гора и по престојот во Велес се враќаат дома.

Требаше да настапат и во Охрид, но поради изгубен пасош на една од членките на танцувачките состав ,,Тореон,, останаа во градот  сите пет дена, на радост и  задоволство на велешани.  На нивната музика настапуваа  млади танцувачи, кои  играа на музиката од државата Халиско.  На завршната вечер  од фолклорниот фестивал Велес 2016-та, се случи пријатно изненадување.

Со маријачите настпи и велешанецот Крсто Џгуров, кој 5 децении свири мексиканска музика и пее нивни  песни. Овој пат имаше ретка и единствена можност, да испее еден голем хит  заедно со ,,Маријачи Ацтеки,, за што сите на сцената добија голем аплауз и овации  од  преполниот амфитеатар во Младинскиот парк.  

Текстот за маријачи Ацтека, немаше да биде ако не беше преведувачката од шпански, велешанката  Јасна Андреевска 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »