речник контакт

Маркард подели новогодишни подароци за децата од Маца Овчарова (фото)

Први радоста пред претстојни празници ја почувствуваа децата со посебни потреби од ова училиште

Петар Печков

Германската компанија Маркард Македонија, на училиштето и учениците од ,,Маца Овчарова,,  им подели новогодишни подароци. За училиштето компјутер и ЛЦД проектор  а за учениците 47 пакетчиња на ,,Краш,, кој ги подели Дедо Мраз. За децата ова беше голема радост и среќа, која се насетуваше од нивните лица.     

Маркарад е одговорна компанија која сака да придонесува кон  заедницата и општеството, посебно кон   специјални цели, за што сме денес во ова училиште.   Маркард постои од 2013-та во Македонија и ова е еден од начините како да го изразиме нашето работење и постоење. Ќе продолжиме да учествувавме во различни хуманитарни акции, ова нема да биде првата - рече Волфган Ајхер, генерален менаџер   на Маркарт во Македонија.  

Тој потенцира дека   донирале тоа што им е потребно на учениците и  што раководството на училиштето побарало. Донација  е во висина  од 130 илјади денари, што донаторот ,,Маркард,, ја опиша како скромна иако во градот паметиме дека се делеле и многу помалку  вредни, но не пречело да настанот да бидат присутни десетици лица. Денес  до Маркард ги имаше скромно тројца.   Децата од училиштето за нив подготвија мала пригодна новогодишна програма, во која   ги добија првите  новогодишни подароци.   

Декември  е   месец на дарување, нашето училиште  е отворено за е добри луѓе. Задоволни сме што наш гостин е  н највисокиот претставник на Макрад во Македонија. Им посакуваме топло добредојде  и во иднина повторно да не посетат. Веселата насмевка на децата од новогодишните пакетчиња, зборува колку оваа донација значи за  нив - рече Зага Колодезни, педагог во ова  училиште.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »