Петар Печков
Објавено: четврток, 09 април 2020
Денес директорот на компанијата Маркарт Македонија Волфганг Ајхнер на директорот и началничката на Итната служба д-р Васе Пановска, од ЈЗУ Здравствен дом Велес им врачи донација од заштитни маски, кои им се неопходни во секојдневното справувње со пандемијата на ковид-19.
Маркарт Македонија како општествено одговорна компанија која сака да даде свој придонес во поддршката на локалните здравствени институции и здравствените работници во борбата со пандемијата од вирусот COVID-19, донираше 2.400 заштитни - информираа од комапнијата.
Од името на ЈЗУ Здравствен дом Велес и од мое лично име упатувам јавна благодарност до генералниот директор Волфганг Ајхер и неговиот тим за овој хуман гест - порача директорот Николче Димовски.
Tweet |