Петар Печков
Објавено: недела, 17 октомври 2021
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Марко Колев прогласи победа по првиот круг, за градоначалник на Општина Велес. Тој со неговите симпатизери, поддржувачи славеше во центарот на Велес.
„Од ова место прогласувам победа во првиот круг. Љубовта и желбата за напредок за просперитетен Велес, за Велес кој го сакаме, успеа. Не навредуваа, не омаловажуваа. ми го деградираа образованието, ми ја деградираа работата. Ќе покажеме како се работи во Велес, како се работа проекти, како се враќа насмевката кај велешани. Упатувам апел за смирување на страстите во Велес, за Велес да оди напред, Велес мора да се развива, Велес да фати чекор со другите гадови, бидејќи Велес е срцето на Македонија.“- рече Колев од неговото обраќање во центарот на градот.
Неофицијалните информации се дека распоредот на гласовите на територијата на Општина Велeс е 12.300 за Марко Колев, 7,7 илјади за Ненад Коциќ и околу две илјади за кандидатот на Левица Златко Арсов.
Распоредот на членовите на Советот, исто така според неофицијалните информации е дека ВМРО-ДМНЕ има мнозинство со 12 членови, осум се од редовите на СДСМ и тројца од Левица.
Tweet |