речник контакт

Марко Колев е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Велес

Тој има 37 години и е дипломиран професор по географија.

Петар Печков

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ денеска објавија дел од кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори,меѓу нив и за Велес. Според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски,  Марко Колев е нивниот кандидат за Велес.

„Убеден сум дека ова е вистинската понуда за нов почеток, за нова сила која што ќе донесе промени и решавање на проблемите на сите граѓани, за тоа што Македонија мора да биде земја за сите луѓе“ рече Николоски.

Кандидатурата на неговиот ФБ ја објави и самиот Колев, кој е поранешен раководител на Вардарскиот плански регион. Тој  има 37 години и по професија е дипломиран професор по географија.

„Чесноста, трудољубивоста, толеранцијата и пред се одговорноста ќе бидат одлика на мојата работа. Ќе подадам рака на секој од моите сограѓани, Велес ќе биде град на сите луѓе. Велес мора да блесне во својот сјај, Велес мора да биде пристојно место за сите генерации“ - порача Колев.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »