речник контакт

Марко Колев претседател на Вардарски плански регион

Татјана Темелковска, в.д. директор на Центарот за развој на Вардарски плански регион

Петар Печков

Центарот за развој на Вардарски плански регион во петокот на  26-ти ноември година, во просториите на општина Кавадарци, ја одржа Конститутивната седница на Советот за развој на Вардарски плански регион.

На седницата беа верификувани мандатите на новите членови на советот, претставуван од градоначалниците на деветте општини од Вардарски плански регион - Велес, Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Чашка, Демир Капија, Лозово, Росоман, Градско.

За претседател на Советот за развој на Вардарски плански регион, беше избран Марко Колев, градоначалник на општина Велес.  Мандатот на претседателот е една година сметано од денот на изборот, без право на повторен избор во тековниот мандат.

Избран е Совет, во кој влегуваат ми учествуваат и претставници и од невалидниот и приватниот сектор.  

На истата седница од страна на советот беше избран и в.д директор на Центарот за развој на Вардарски плански регион, Татјана Темелковска, која ВПР ја опишува како професионалец во креирање и имплементација на политиките на рамномерниот регионален развој и повеќегодишно вработено лице  во стручната служба на Центарот за развој на Вардарски плански регион.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »