Петар Печков
Објавено: среда, 07 мај 2014
Во финалето на општинскиот фудбалски куп попладнево во Велес на помошното фудбалско игралиште се сретнаа екипите на Мартолци и Башкими од Горно Јаболчиште. Така екипа ан Мартолци го освои пехарот и оди натаму во натпреварите од фудбалскиот куп.
Во вонредното коло на Втората лига Борец гостуваше во Прилеп каде е поразен од екипата на Победа Јуниор со 12:1. Одборот за спас како што се нарекуваше новото раководство, наместо спас му донесе срам на овој клуб со очајните резултати, фрлајќи ги во оган младите фудбалери кои сеуште незрели за оваа конкуренција, нижат порази.
Дури 29 постигнати гола или безмалку по 6 на натпревар беа одлика на последното 14-то коло на ОФЛ. И сите победи беа со тесен резултат од еден гол разлика, освен победата на Башкими над Бирлик од 5:2. Така сега во борбата за првак остануваат Мартолци кој има два бода предност и Младост.
Илинден БC – Гемиџии 3:2
Богомила – Интернационал 3:2
Башкими – Бирлик 5:2
Горски- Мартолци 3:4
Младост – Форца Нова 3:2
Т А Б Е Л А
1. Мартолци 14 11 2 1 44: 17 35
2. Младост 14 10 3 1 29: 12 32
3. Гемиџии 14 9 1 4 41: 16 28
4. Форца Нова 14 8 1 5 27:21 25
5. Башкими 13 5 2 6 25: 22 17
6.Интернационал 13 5 1 7 22: 22 16
7 Богомила 14 5 0 9 22:39 15
8. Илинден БС 13 4 2 7 19 :24 14
9. Бирлик 13 2 2 10 13 :35 8
10 Горски 14 1 2 9 20: 53 5
Идно коло
Башкими – Илинден БС се игра во Чашка
Мартолци – Гемиџии се игра во Чашка
Бирлик – Богомила
Форца Нова – Горски
Интернационал – Младост овие средби се играат во Велес
Tweet |