Петар Печков
Објавено: петок, 06 март 2026
Под мотото „Посилни од тишината, посветли од силуетата“, во Велес се одржа марш за подигање на свеста на правата на жената. Околу 400 средношколци и други учесници маршираа од кружен тек Авона до театарот, со цел поттикнување за продолжување на борбата за еманципација на жената во секој ден од годината.
Учесниците упатија силна порака на единство, поддршка и поттик за градење на рамноправно општество. Маршот го предводеше градоначалникот Марко Колев, имаше присутни и членови на Советот. Во Младинскиот парк средношколците од Велес преку цртежи, песни, рецитали и драмски перформанси, ги споделија мислите за жената.
фото Општина Велес
| Tweet |






