речник контакт

Марјанчо Николов- зеленилото од левата странана градот, најдобро да се даде на ЈП за државни пасишта, толку е запустено

Советникот побара во планот за следната година да се внесе уредување на просторот околу кејот, Хотелот Вила Зора и спомен Костурница

Петар Печков

Членот на Советот на Пштина В елес,  Марјанчо Николов, изрази силно незадоволство од состојбата со јавните површини и јавното зеленило од левата страна на градот. Побара тоа да биде посебно акцентирана во плановите за следната.  

„Јавното зеленило на левата страна од градот, кое и многу го нема, е запоставено. А тоа што го има е запуштено и најдобро е да се даде на ЈП за државни  пасишта бидејќи само стока пасе а граѓаните немаат услови да го користат како јавна површина и јавно зеленило. Потребно е целосно ново уредување и просторот околу некогашниот хотел Вила Зора. Потребно е да се среди кејот, просторот околу Хотелот, место каде луѓето, повозрасните  од таа страна ќе може да прошетаат и да ги изнесат своите внуци.  Исто се однесува и на просторот околу Спомен Костурницата“ - кажа Николов. 

Ова тој го кажа на седница на Советот, на која се разгледуваше нацрт програмата за јавната чистота и јавното зеленило во 2022 година.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »