Петар Печков
Објавено: недела, 08 септември 2013
Македонскиот суперстар Кирил Џајковски, хрватската мега ѕвезда Масимо Савиќ, најшармантната новосадска дружина Фрајле и македонскиот бренд Синтезис ќе бидат главни ѕвезди на годинашното издание на Тиквешкиот гроздобер.
Согласно програмата, Синтезис ќе настапат како дел од вечерта посветена на Никола Бадев која ќе го одбележи првиот ден од чествувањето на гроздоберот, во сабота веднаш по карневалското дефиле ќе следуваат настапите на Масимо Савиќ и Кирил Џајковски, за да годинашното издание на најважната стопанско културно-уметничка манифестација заврши со настапот на Фрајле.
Поради државниот празник 8ми септември, годинава Тиквешкиот гроздобер ќе се оддржи од 13ти до 15ти септември
Tweet |