Петар Печков
Објавено: среда, 29 јануари 2020
По жестоките реакциите на велешани на социјалните мрежи, на кои вчера попладне, вторник, се гледа како црн густ чад излегува од оџакот на велешка Маслодајна, се јавија од менаџментот на Прехранбената индустрија ,,Благој Ѓорев,, со информација за тоа што се случува.
За сите случувања известени се надлежните институции, согласно Законот. Овие денови од страна на стручни лица се работи на горилникот, со цел да се средат сите потребни работи, согласно стандардите. Свесно и одговорно преземавме потребни мерки, без никаква намера за загадување или било каква штета по околината и нашите сограѓани - стои во писменото соопштение од ПИ Благој Ѓорев.
На крајот од него додаваат дека ,, и ние и нашите семејства сме дел од оваа средина,,.
фото ФБ
Tweet |