Петар Печков
Објавено: вторник, 13 декември 2022
Денес 13 декември, Велешка Маслодајна, одбележува значајна годишнина, 99 години од постоењето.
По тој повод се организира настан во Super Kit-Go Marketi во Велес. Наместо од 11ч. како што беше планирано, започна од 10, веднаш со доаѓањето на вработените од Кристал 1923. Секој купувач на било кој производ од Маслодајна, зејтин, алва, локум, зачин, маргарин, од Super Kit-Go Marketi, со приложена сметка, добиваше кесе се подарок, производ од компанијата или маичка или ракавица со лого на Кристал.
Исто така се нудеа да се вкусат производите на фабрикатa алва, локум и желе. Целиот настан траеше три часа а за него владееше голем интерес кај потрошувачите.
ПР текст
Tweet |