Петар Печков
Објавено: четврток, 22 април 2021
Bелешка Маслодајна, ја продава Стоковната куќа 26-ти јули во Скопје, по втор пат. Ова е одлука која ја одoбрило Акционерското собрание, со објаснување дека се продава дел од нефункционалниот имот.
Претходно истата Стоковна куќа, 26-ти јули, со површина од 1.370 м2 се продаваше и во месец мај 2016-та година. Како што е објавено на Македонска берза, компанијата ќе продава магацински простор и продавници кои се оценети како нефункционални.
Компанијата ги продава магацините во битолското село Логоварди со вкупна површина од 17.511 квадратни метри од кои градежни објекти се со површина од 5.647 м2 и двор во површина од 11.864 м2, како и магацинскиот простор во Кичево.
Како нефункционални објекти за продавање се ставени и продавницата од 167 квадратни метри во Битола и продавницата од 45 квадрати која се наоѓа во Куманово. Овие објекти се продаваа и во мај 2016-тата.
Како и тогаш, објектите се продаваат по пат на јавна продажба или со непосредна спогодба според пазарни цени кои се најповолни на продажбата за друштвото
Tweet |