Петар Печков
Објавено: среда, 07 ноември 2012
Жителите на Велес кои живеат околу Железничката станица реагираат на чадот кој излегува од оџакот на Маслодајна. Според нив еден месец ваквата појава е секојдневица и тие се жалат на густиот црн облак кој периодично се испушта и го ремети нивниот живот.
Овој црн облак од оџакот се појавува на 10-тина минути. Од него тешко се дише во околината а црн гареж се таложи на нашите тераси, дворови. Алишта не може да се прострат, поцрнуваат –велат велешани кои живеат во овој дел на градот, околу Маслодајна и во близина на Општината. Тие бараат надлежните да проверат за што стануваа збор. Од локалната власт најавија дека случајот се испитува и наскоро ќе излезат со информација за црниот облак кој го испушта Маслодајна.
Фотографијата е од наш сограѓанин кој живее во близина на Спомен Костурницата, но и тие се заинтерсирани што тоа предизвукува ваква појава во индустрискито дел на градот.
Tweet |