Петар Печков
Објавено: петок, 06 ноември 2020
Велешките матични доктори, бараат отворање на посебен примен пункт за лицата кои се сомневаат дека се позитивни на кводи-19. Со ова тие сметаат дека ќе се избегне ширењето на заразата. Тие предлогот го кажале на седница на Општинскиот кризен штаб.
Триажниот центар би било место каде има рендген и лабораторија, би било наменето исклучиво за овие лица. Така би се намалил притисокот врз болницата, рендген одделението, матичните доктори, но и би се избегнало овие сомнителни случаи со ковид-19 да се мешаат со пациенти во чекалниците на матичните доктори и да контактираат со други пациенти.
За предлогот ќе се обидеме да најдеме решени , Кризниот штаб и трите здравствени јавни институции заедно со матичните лекари - кажа Коцевски.
Bо ковид центарот, во Велес доброволно, пред повикот за ангажман на приватните интернисти, се јавил еден доктор, кардиологот д-р Атанас Ѓорѓиевски, кој од минатиот петок им помага на колегите од Инфективното одделение.
Tweet |