Петар Печков
Објавено: петок, 18 февруари 2022
Со протест пред просториите на ПЕ на Фондот за здравство матичните доктори од Велес го искажаа нивното незадоволство од состојбата во примарното приватно здравство. Нив им се приклучија и стоматолозите. Денес во знак на револт протестира сите приватни лекари од земјава и тие не примаа пациентите за користење на „Мој термин“ туку само итни случаи. Барат промена на вредноста на капитацијата.
„Единството на матичните лекари е максимално, како никогаш досега. Проблемите дојдоа до највисока точка на аларм. Ние го чуваме здравјето на граѓаните, потребена е почит кон докторите и медицинските сестри. Време е здравствените власти да стават приоритет за решение на проблемите на докторите од приватното здравство. Имаме и решенија, само да се ослободи режимот на препишување на лекови, ќе се ослободат 300 илјади упати или во средства 2 милиони евра. Непотребно се малтретираат пациентите со правилници од пред 20-30 години. Еве денес ни се придружија и матичните стоматолози, кои исто така имаат свои проблеми“ - кажа д-р Лили Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на приватни лекари ЗПЛМ.
Лошата состојба со матичните доктори предизвикало последните пет години од 1,8 илјади бројот на доктори да се симне на 1.436. Тие потсетија дека во јаваното здравство платите неколку пати се покачиле, додека кај нив капитацијата е 63 денари.
„Пет години не е променета вредноста која се добива за лабораторија, 80 илјади денари за еден месец. Во меѓувреме скокнаа цените и на реагенсите и минимална плата, се покачи струјата, има потреба од набавка или поправка на апарати. Како со овие средства кои ги добиваме, да се обезбедат плата за персоналот но и за материјали за работа“ - рече д-р Валентина Ристеска Нејашмиќ.
„Добив сметка за струја за декември, во висина од 45 илјади денари. Капитацијата е таа не е променета. И со истиот буџет мора да ги подмирам сите сметки, и за материјални трошоци, и за плати. Тешко но морав да платам, кое се почувствува на работата. Работиме како не лента и е се потешко, нема слободни термини, нема термин на компјутер, на магнетна резонанса. Тие што имаат можност да на приватните болници, но поголемиот дел не може да си го дозволи тоа“-др Лилјана Христова.
Матичен доктор од соседно село Лозово го кажа неговото искуство со малиот број на пациенти во малите населени места.
„Бројот на пациенти постојано, секој месец се намалува. Ние сме двајца доктори, и со ова капитација тешко опстануваме. Медицински сестри доаѓаат од Велес и Свети Николе потребна е минимална плата која се зголеми, трошоци за пат. Ако продолжи вака амбулантата ќе ја затвориме за некој месец“ - рече д-р Слободан Јовановски.
На протестот имаше и десетина доктори стоматолози од примарното здравство од Велес. Тие се приклучија на протестот и го поддржуваат,
„И ние сме дел од тоа примарно здравство и се соочуваме со истите проблеми. Капитациниот бод е 48 денари, недоволно за основен преглед. Материјалите за работа, струјата, се покачија, растат расходите, плати и придонеси.
Иселувањето на младите придонесува за намалување на бројот на пациенти, па секој месец имаме се помалку средства од капитацијата. Ценовникот за услугите кои се на товар на Фондот за здравство не е променет од 2009-тата година. А од тогаш досега се се` покачи во државата“- вели д-р Аленка Гајдова -стоматолог.
Tweet |