Петар Печков
Објавено: среда, 02 јуни 2021
Казните кои минатиот месец стигнале на адреса до матичните лекари, предизвикаа нивна реакција. Тие се однесуваат за неправилности во 2018-та и 2019-та година, а биле изречени од Фондот за здравство и тоа во време на мораториум. За ова на прес конференција реагираше претседателката д-р Лили Чолаков Дервишова.
„Казните се за погрешна терапија, нешто што порано било за опомена, сега се изречени парични казни. Казнет е колега кој препишал лек препорачан од интернист, оти во месото немало уролог. Разочарани сме од овој однос и затоа сметаме дека е време да се отворат повеќе фондови, ФЗО да нема монополски однос. Бидејќи не сме опфатени со ниту еден пакет мерки на Владата, време е капитациониот бод да биде 90 денари“ - рече д-р Лили Чолакова Дервишова. Казните биле во висина од 15 до 25 илјади денари.
Во писмената реакција на Фондот за здравство, пишува дека излегле во пресрет и го прифатиле барањето на Лекарската комора и Здружението на приватни лекари, да се стави мораториум, мирување за изрекување на договорни казни во период од 1.1.2019 до 30.6.2019 година. Додаваат како што исплатата на месечниот надомест -капитацијата е обврска на Фондот кон ПЗУ, така и обврска на секоја приватна здравствена установа е почитувањето на одредбите од договорот кои што своеволно го имаат потпишано .
Tweet |