речник контакт

Матурска ама не на 5 години еднаш, туку пет пати во годината

Генерација матуранти од Хемиска 1973/74 година единствени во дружењето, кое трае и по 2-3 дена

Петар Печков

Вообичаено во овој период од годината се одбележуваат годишнини од матурските,  дали завршуваат на 5 или 0, но ги има.  Во дворот на Хемиското имаше група од  дваесетина  поранешни ученици, кои се собраа да одбележат  матурата. По многу нешта, оригинална и  единствена.

Ние одбележуваме 43 години. Но треба да се   знае дека  се собираме на 2-3 месеци во текот на годината. Ова е редовна доза, да собереме енергија, откако ќе ги потрошиме батериите. Па после пак се  собираме.  Најмногу се секавме на интернатските денови. Тогаш еднаш месечно дома си одевме, не секоја недела, како сега. Таму бевме повеќе отколку во школа -     објаснува Анка Чавдарова од Богданци. 

Освен од овој град имаше гости од Штип, Кочани,  Виница, Гевгелија, Каменица, Радовиш, Куманово.  

Кога си млад се е убаво. Јас живеев и под кирија и во интернат, се да пробам.  Тогај поубаво се живееше, споредбено со денес, имаше другарство денес тоа го нема. Затоа и така  често се собираме. Имаме една редовна матурска и две три дополнителни – вели   Лидија  Стратова  исто така од Богданци. 

Последен пат биле собрани во Ораовица Радовишко, каде  соученик во неговата куќа  за 1-ви мај примил 26 поранешни колеги. И кога се собираат празнувањето трае по 2-3 дена.

Тие одбираат кум за следната година, кој има задача да ги организира дружењата.  За таа цел се прави лепче и кај кого ќе се падне паричето, тој е домаќинот.   Секој кој што може тоа  носи, торта, пијало, месо, последното дружење на масата завршило и печено јаре.

Ние сме генерација која заврши Хемиско 1973/74 година. За разлика до другите ние славиме секоја година. Бевме четири класа со 120 ученика и задоволени сме од присутноста, има некои не се тука  но тие се  оправдано. Сигурно ќе дојдат следниот пат – вели  велешанецот Петре Карастојанов.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »