Петар Печков
Објавено: петок, 21 мај 2010
Тие танцуваа на „квадрил“ со што со истовремен им се придружија на нивните врсници од Албанија, Бугарија, Романија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија.
Зачудувачки слаб беше годинашниот одѕив со само 16 учесници во Велес, наспроти стотината минатата година и пред тоа. Учениците велат дека причина за тоа е што оваа седмица се одржувале матурските вечери, па матурантите биле уморни. Но затоа честитки за 16-те матуранти кои сепак решија вака да го помнат полнолетството.
„Матурската парада“ е истовремено играње на танцот „квадрил“ од Штраусовата опера „Лилјакот“, и се игра во четири слики Панталон, Ете, Пасторел, Финале и трае осум минути.
Манифестацијата е иницирана во 2001 година од Словенецот Томаж Амброж и неговата танц-школа „Уршка“. Покрај забава и новина во одбележувањето на матурата, таа е и Гинисов рекорд во синхронизирано танцување. Бројот на танчери се зголемува секоја година.
Организатори на Матурската парада во Македонија се Дирекцијата за култура и уметност - Скопје и „Ритам плус“. Генерален покровител е општина Велес. Манифестацијата е поддржана и од Канцеларијата на специјалниот претставник на ЕУ, АМСМ, Секјуриком, Мек Доналдс и Македонското радио
Tweet |