Петар Печков
Објавено: четврток, 03 септември 2026
Железничкиот сообраќај во Македонија понеделеникот попладне од 17 часот беше во прекин до вторник до 16ч. Причина е штрајкот на машиновозачите кои бараа исплата на платата за јули. И тоа малку патници кои ги користат услугите на МЖ беа изненадени што овој период немало возови.
„Со утринскиот воз од Битола требаше да отпатувам за Скопје, но воз немаше. На железничка станица Велес ни кажаа дека протестирале машиновозачите, барале исплата на плата. Подоцна видов со снимка по медиумите дека тој ден започнал да сообраќа новиот воз од Скопје до Зелениково и обратно. И сега се прашувам зошто машиновозачите за една линија возат а за другите штрајкуваат. Ако е штрајк штрајк е за сите правци“ – вели велешанец кој вторникот околу 7,30 часот се подготвувал да отпатува за Скопје со воз.
„Тоа не беше штрајк, туку како бојкот ненајавен. Имаше разговор со раководството за исплата на платите се најде решение. Платата беше пуштена, вториот дел за јули., возовите тргнаа“ – кажа соговорник од Независниот синдикат, но не и овластаен за изјави со јавноста. Одговор зошто сообраќаше „градскиот воз“ а другите возови не, немаше.
Градскиот воз од Скопје до Зелениково започна да сообраќа од вторникот 1 септември. Картата чини 40 денари, а повратен билет е 70 денари. Возниот ред предвидува да има по 9 поаѓање од Зелениково и од Транспортен центар, а патувањето да трае од 24 до 28 минути.
Намалениот број на железнички линии, нередовноста, доцнењето на возовите се дел од причините поради кои минатата година со железницата во Македонија биле превезени 177.775патници наспроти 237.648 во 2024, што е најмала бројка од расположливте податоци на Државниот завод на статистиика од 2011, кога имало 1.421.403 патника. Исклучок е 2015-та кога имаше егоздус на мигранти до Блискиот исток, па низ Македонија минаа на 1.022.274 патника. Од нив оваа година од Гевгелија биле превезени 436 илјади патници а од железничка станица Велес 220 илјади.
Искуствата на патниците со железница, кои ги има се помалку, се лоши и болни.
„Патувањето е како авантура, не знаеш кога возот ќе дојде, дали ќе дојде, колку време ќе патуваш и дали ќе стасаш воопшто“ – вели велешанец поранешен патник на железница.
Илустрација за состојбата со возовите е и реакцијата на патничка од 2 август годинава.
„На 2 август бевме кумови на манастирот Св. Илија во Карабуниште, велешко. Кога се враќавме попладнето го чекавме возот три часа.На постојката Пчиња, бевме 15 души, меѓу нив дете со посебни потреби, бремена жена во 7 месец. Имаше и други мали деца на 4, 8, 10 и 13 години. Наместо во 17,30 стигна во 20,30ч. Срамота за железница“ – кажа патничката.
| Tweet |




