Петар Печков
Објавено: вторник, 01 јануари 2013
Во првиот ден од Новата 2013 година во акушерското одделение на Велешката Болница се роди првото бебе, машко. Го роди Сафета Мусовска ( 29 год) од велешкото село Сливник.
Здраво машко бебе се роди во 44 минути по полноќ. Тоа е тешко 4,3 кг. ова е нејзино второ дете, првото е женско. Утринава имавме и второ породување во 7 часот утрово, исто така машко бебе на родители од селото Дорфулија и тоа малку потешко 4,3 кг. Минатата година во нашето одделение се родија 789 бебиња, и нивниот број последните години нема поголеми варијабили– рече гинеколог д-р Ристо Гашев.
Годинава з разлика од минатите не чекавме со денови за новото бебе. Дојдов да и го честитам бебето, да и посакам добро здравје и нејзе и на бебето, со надеж дека следните години ќе имаме поголем број новороденчиња – рече градоначалникот Горан Петров.
Во Интерното одделение немале толку работа, во Новогодишна ноќ донесени се шест случаи на препиени тинејџери, и машки и девојки. Но сите по укажаната помош се пуштени дома.
Tweet |