Петар Печков
Објавено: понеделник, 17 февруари 2014
Во четврт финалето од машкиот одбојкарски куп во Велес се сретнаа екипите на Борец Брако и Струмица од Струмица. Победија гостите со 3:1 ( 23, 18, -23, 24).
Иако домаќините, Борец Брако не настапува во лигата, сепак покажа одлична игра и лидерот нa табелата Струмица мораше да се намачи за да стигне во полуфиналето.
Очигледно дека велешани имаат екипа и квалитет за прва лига, но не и средства за натпреварување. По овој пораз тие можат да жалат што ја извлекоа екипата на Струмица за противник, оти имаа шанси да одат натаму да беше било кој друг противник.
Женската екипа ан Борец Брако следната седмица игра исто така четврт-финале, против исто така струмички тим, повторно на домашен терен. Ја пречекува Македонија Макс.
Tweet |