речник контакт

Мајка ги пријавила синот за физички напад, откако тој претходно ја пријавил дека го тепала внукот, неговиот син

Известени биле јавен обвинител и Центарот за социјални работи Велес

Петар Печков

Ноќеска по полноќ уапсен велешанец по пријава од мајка му дека физички ја нападнал. Претходно синот пријавувал во полиција дека мајка му го нападнала неговиот син, нејзе  внук. Деталите од информацијата на велешката полиција.

„На 19 јуни  во 00:20 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода С.С.(43 год) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 72-годишна мајка дека физички ја нападнал во семејниот домот. Претходно, С.С. пријавил дека неговата мајка извесен период вршела насилство врз неговиот малолетен син, а на 16 јуни и физички го нападнала“ – информира Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес.

Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес и по целосно расчистување и документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни пријави.

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »