Петар Печков
Објавено: понеделник, 27 ноември 2023
Мајка пријавила дека кај нејзиниот малолетен син, пронашла дрога. Полицијата со детали за настанот.
„На 24 ноември во Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР- Велес дошла 48-годишна велешанка заедно со својот малолетен син и предала две пакувања со марихуана и бела грутчеста материја кои ги пронашла кај нејзиниот малолетен син“ - информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, како кај детето се нашла дрогата, кој му ја доставил.
Tweet |