Аница Солева
Објавено: среда, 19 април 2006
Мајкл Џексон повторно се враќа во студио и планира следната година да издаде нов албум. „Two Seas Records“, чиј сопственик е Шеик Абдула Бин Хамад Ал Калифа вели дека потпишал договор со Мајкл. Тој вели дека албумот ќе се издаде во 2007 година. „Многу сум возбуден поради моето враќање назад во студио. Сакам да продолжам да правам добри песни“, вели Мајкл. Што го натера Мајкл повторно да се врати во шоу бизнисот не се знае, но едно е сигурно - тој има финансиски проблеми.
Tweet |