речник контакт

Маќедониан Идиот

Знаете нели како се вика последниот албум на Green Day? American Idiot. Претпоставувам дека контате според која манифестација. Сакам само да го кажам моето мислење за манифестацијата Идиол. Постојат многу причини зошто тука треба да има апсења.

Зоран Николов

Знаете нели како се вика последниот албум на Green Day? American Idiot. Претпоставувам дека контате според која манифестација. Сакам само да го кажам моето мислење за манифестацијата Идиол. Постојат многу причини зошто тука треба да има апсења. [br] [br] Жири комисија – Има прилично солидна комисија за филозофирање која со душа чека да заврши тралајлањето на кандидатот и да биде напраен лом, и по некој симпатичен кокетинг збор, освен... Абе кој е тој лудак што му дал право на лицето А. Б. да биде компетентен да одлучува кој ќе оди? Абе не знае два збора критика да даде освен „Генерално ми се допадна твојот г(л)ас“ и шит. Кој курац фактор е он да му кажува на Lam-B Al Abacks како се пее? Него му е местото во Process да швалериса нешто или да треска глупости на неговиот супер квиз „Напни и прдни“. Со тоа мисли Гос*од за ма*иња го фатил. Која е неговата музичка заднина? Па дури и да е на музичка академија, пак не значи дека може да дава суд за тоа кој како пее. Уствари има една песна од него и Лила, ама тоа е тип на песна што е најголем пораз за поимот музика и криминал што, ако се казнувал, сигурно ќе добиел два црвени картона и доживотна забрана за испуштање во етер недозволени психо фреквенции. Да се надополнам: Ебате сељакот.[br] [br] Кандидати – Сè живо и диво иде да си ја проба среќата тука, а после на телевизија ги пуштаат „најзлогласните“ за да си играат мајтап со нив. Добро, тоа така треба. Ама имаше кастрирање на мртво, мислам дека вратија поголеми таленти од тие што останаа на крајот. Кандидатите претежно одбираа претешки и некопирливи песни, со кои наместо да импресионираат, се резилат и пеат повеќе како фанови отколку како вистински пејачи.[br] [br] Настап – Стандардот е да се следат некој мејнстримови во музичкиот свет во поглед на разни движења со телото, упатување значајни погледи кон камерата, мавтање со микрофонот; со други зборови, сè што е веќе видено и проверено. Оттука следува нијансата на баналност, неоригиналност и приспивност, а релативноста може да се мери и според тоа колку понесоодветна песна кандидатот ќе избере. Така, се доаѓа до ситуација да речете: „Леле ама добра песна... упропастена по пеењево“... После кога ќе им кажат два–три комплименти, се вообразуваат повеќе од Enrique и веднаш се преобразуваат во искусни професионалци и само уште телохранители што не ангажирале. Кокетирање со публика, бацки кон камерата, лигавење пред микрофон... Уф, се уморив. Абе златен плејбек имаш, што се мачиш да кинеш Sting или Whitney Houston...[br] [br] Финале – Салата е преполна од разулавена маса симпатизери. Дури и судиите им го земаа стравот, па не смеат лош збор да кажат. Водителите како аптекарски шишиња, почнувајќи од лончето Анкица, тој типот со мало к. (нема што, најбољи е), и таа високата што би ја поседувал. Останаа десет полуталентирани држачи на микрофон. Секоја чест за дечките, стварно се надеваат на MTV. Дедо че ме гледа... За начинот на исклучување не сакам да зборувам. Само ќе пишувам. Се покажа за вистина, дека со пари може сè да се купи... Колку ли само бедно е кога со тоа финансиско проклетство ќе се сузбие уметноста. Гласањето е толку нетранспарентно, а дури наликува на тајно наддавање. Кој колку пари ќе донира, толку неговиот кандидат подолго ќе се задржи во групата. Не мора да пее. Жирито нема никакво влијание на одлуката кој ќе отпадне. Може да се случи сите тројца да речат Силвија да отпадне, а таа да не се најде ни во црната тројка. Вистинските познавачи на музиката не се осмелуваат да си потрошат 24 денари (со ДДВ), дури ни другарите на учесниците. Така се раѓа тезата за лоби групи. Дали во некој наврат потенцираа дека гласањето од еден број е ограничено? Дали некогаш ги истакнаа резултатите од гласањето црно на бело? И зошто баш 20 ден. плус ДДВ за едно гласање ако не се битни парите? Дејан отпадна. Таа со бабинската вилица отпадна. Мини Мина исто така. Младена Никшикичики барем се трудеше, исто отпадна. „Победничката“ нема да ја коментирам, Ноне Џив–Џив кога веќе се најде во финалното финале (цитирам – Мало, мало, ама техничарче), беше две класи подобра од неа, иако е слаба со англискиот, ѝ трепери гласот, нема никаква техника, фалшира повеќе од често, една песна не отпеа од почеток до крај како што треба, најлошо почна во серијата... Само во едно ќе се сложам со Блажевски: ем Киндергарден ем Златно Славејче. Ќе го врзам вујче од Мобимак и догодина ќе се пријавам директно за во финале. Само едно знам: по ова, нема да се пријави ниедно дете што знае да пее. Јаз’к да им е. Манипулација со гледачите, поигрување со учесниците и еден куп реклами. Организацијата аматерска, добивката ултра–професионална. Се тргнува од тоа што народната маса се третира како глупа аморфна маса од која може само да се измолзе некој денар, а таа нема причина да биде незадоволна. Види, не потрошив пари за гласање, не сум луд. Затоа сум краток со текстов. Стално има нешто што нема да го допишам, a отпосле ми текнува.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »