Петар Печков
Објавено: среда, 17 април 2013
Со пехар за квалитет, три златни медали и шест сребрени се закитија вината на Винарија Стоби на саемот во Нови Сад. Комисија од професори на технолошки и земјоделски факултети, енолози од големата конкуренцијата одлучија дури 9 вина на Винаријата Стоби да добијат награди.
Овие награди се потврда за квалитетот на нашите вина. Квалитетот на вината на Стоби се повеќе се докажува на светски саеми, а интересот за нашето вино е голем. Тоа го покажуваат и се почестите договори за извоз во САД и европските земји. Нашата цел како Винарија е овој светски квалитет на македонското вино да има конкретен резултат во извозот, изјавија претставници на Винаријата Стоби.
Merlot Barrique, Aminta, Syrah се вината на Стоби кои добија златен медал, додека сребрениот е доделен на Rose Allegro, Chardonny Barrique, Vranec Veritas, Vranec, Petit Verdo, Pinot Noir.
Саемот во Нови Сад е еден од најпознатите саеми за земјоделство бидејќи зад себе има најголема традиција, а селекцијата за учество е голема.
Винарија Стоби своите вина ги претстави на саемот за вино ,,Винарија” во Пловдив. На овој саем учествуваа повеќе од 30 земји, низ цела Европа. Водечки компании од најважните индустриски сектори поврзани со производство и продажба на вино учествуваа на винскиот саем во Пловдив кој се одржа минатата седмциа. Винарија Стоби беше единствена винарија од Македонија која ги изложи своите вина на овој саем.
Tweet |