Петар Печков
Објавено: петок, 30 март 2012
Подолго време медиотеката во Градската библиотека ,,Гоце Делчев,, не работи. Компјутерите беа отстранети а просторот беше празен. Директорот на оваа културна институција причинaта за ваквата состојба ја лоцира во кражбитe кои се случуваат на компјутерската инсталација.
Некои наши сограѓани а посетители на овој современ дел од библиотеката, мислат дека е тоа нивно, па си земаат што им треба. Поради тоа компјутерите времено ги отстранивме, но деновие ги вративме. Со стручните лица од локалната власт, тие ќе бидат повторно поврзани и ставени во функција. Во меѓувреме инсталиравме видео надзорен систем, по што лесно ќе може да се види, ако евентуиално некој нешто оштети или украде. Кражбите се случија и на дела од роднокрајната библиотека, која беше тука поставена - вели Игор Крајчев директор на библиотеката.
Тој се пофали дека минатата година во оваа клутруна инститција се купени безмалку 4 илјади нови книги, за што се потрошени 485 илајди денари. Од Владата пак добиле на подарок 1,6 илјади наслови дела до светската стручна литература. Истовремено мината година во градската библиотека се случиле и неколку физички инциденти од страна на посетителите, поради што морала да интервенира и полицијата.
Tweet |