Петар Печков
Објавено: четврток, 02 ноември 2017
СВР Велес поднесе кривична пријава против М.К.(35) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела: „фалсификување или уништување деловни книги“ и „несовесно работење во службата“.
Од 24.04. до 15.08. годинава, пријавената, како медицинска сестра на интерно одделение во болницата во Велес, преку нејзиното корисничко име за влез во компјутерската евиденција за раздолжување со лекарства и други медицински материјали, извршила преправка во компјутерската евиденција од болничката аптека и во задолжението со медицинските материјали, кај пет пациенти.
При тоа, пријавената, преку нејзиното корисничко име за влез во компјутерската евиденција, раздолжила лекарства и други медицински материјали во вредност од 499.189 денари. Со ваквото несовесно работење пријавената му нанела штета од 499.189 денари на Медицински центар – Велес- пишува во соопштението од МВР
Tweet |