lj lkjl
Објавено: среда, 24 мај 2006
Владен Лабович од Србија е добитник на гранпри наградата за најдобро дело на Меил Арт изложбата, која годинава ја организира средното техничко училиште „Коле Неделковски“. Меил Арт се организира по втор пат, оваа година учествуваа десет средни училишта од земјава и две меѓународни, едно од Србија и едно од Бугарија. Меилартот како уметност се појавил некаде во 80-те години на минатиот век како неформална комуникација меѓу уметниците, но денес прераснува во вистинска уметност. Годинава изложбата е обврска на средното училиште „Коле Неделковски“. Организаторот најави дека во иднина ќе прерасне во традиционална. На изложбата пристигнаа повеќе од стотина уметнички дела. Организаторите велат дека оваа бројка во иднина очекувано ќе се зголеми. Тие не кријат дека меѓународниот карактер го подигнал и квалитетот на изложбата.
Tweet |