Петар Печков
Објавено: петок, 01 ноември 2019
Мерната станица на Министерството за животна средина во Велес, ќе проработи на почетокот од декември. Ова денес го најавија од ресорното министерство а во рамките на планот за заштита од загадувањето на воздухот, кое деновиве се јави во повеќе градови во Македонија. Мерната станица во Велес е лоцирана во близина на градинката во населбата Тунел.
Државниот мониторинг систем, направи замена на неисправните инструменти во пет мерни станици, а до декември годинава ќе бидат заменети и неисправните инструменти за мерење на ПМ 10 честички на мерните станици во Лисиче, Велес, Кавадарци и Гостивар - информираа од МЖСПП. Дополнуваат дека е извршено и мапирање на сите капацитети кои се наоѓаат во близина на мерните станици.
Инструментот за ПМ 10 во мониторинг станицата „Велес 2“ е во функција од 2004 година. Со оглед на староста, тој не е во функција од летото, од јули лани. Поради тоа година и пол велешани не знаат каков воздух дишат.
Tweet |