Петар Печков
Објавено: понеделник, 09 јануари 2012
Некогашните вработени од велешка Порцеланка ќе добиваат паричен месечен надоместок поради тоа што фабриката каде работеле била во државна сопственост, кога тие буле отпуштени и заминале на Бирото за вработување. Ова е одлука на Управниот суд, постапувајќи по тужбата на еден од вработените во ,,Порцеланка,,.
Таа ги израдува некогашните вработени, кои останаа без егзистенција и на улица и велат е вистински новогодишен подарок. Претходно тие бараа согласно Законот за материјално обезбедување да добиваат месечен надоместок, но беа одбиени и од Агенцијата и од второстепената владина комисија, по што правдата која ја бараа три години, се одлучија да ја најдат пред Управниот суд, кој реши во нивна корист.
Според некогашните вработени тие очекуваат дека ќе бидат обештетени околу 150 лица а од Агенцијата за вработување, велат бројката допрва ќе се прецизира, бидејќи некои се вработиле, други починале. Во 2008-та година Агенцијата, врз основа на извештајот на Министерството за економија во кое била истакната листата на фирми во кои Државата била доминантен сопственик, го одби барањето за материјален надомест на вработените во овој комбинат.
Незадоволни од ова вработените поднесоа жалба до Второстепената Владина комисија, но кога и од таму биле одбиени, па своето право го побарале во Управниот суд на Република Македонија. Тоа пресудило дека на 16 јануари 2002 година, Министерството за економија, и ги продаде акциите на велешка Порцеланка на австриската компанија Ексклузива од Виена.
Но поради непочитување на дел од обврските во договорот, министерството една година подоцна го раскина договорот, со што фабриката повторно ја врати во државна сопственост.
Tweet |