Петар Печков
Објавено: петок, 22 јули 2011
Вечерва на Фестивалот на античка драма ,,Стоби,, ќе се претстви Охридскито театар со претставата ,,Метаморфози,, работена по текст на Овидиј, во режија на Андреј Цветановски а адаптирано од Дарко Јан Спасов. Во претставата темата се митовите но и дилемата што ако Боговите не се достојни на правилата што сами ги поставуваат. .
Митовите се појавуваат во историјата на човештвото и носат предупредување за иднината, за да не се повторат ситите грешки. Дали и Боговите сакаат да станат луѓе, колку што не искаме да станеме Богови? Дали Боговите се достојни на својата божественост – вели режисерот Цветановски.
Во претставата настапуваат Горан Стојановски, Јасмина Билаловиќ, Ивица Цонев, Никола Тодоровски, Билјана Билаловиќ, Стрезо Стаматовски, Македонка Илиевска и Адријана Билаловиќ.
Почетокот на претставата е во 21 часот и таа е четврта од натпреварувачката категорија. Годинава ова е втор текст, по ,,Енеида,, на Вергилиј, поставен на Фестивалот ,,Стоби,, по текст на римски автор, бидејќи сите изминати девет години се работеа антички текстови на грчки автори.
Tweet |