Петар Печков
Објавено: петок, 30 јуни 2017
На пеколните жештини, велешани не знаат колкави се измерените вредности на воздухот. Иако во градот има мерна станица на Управата за хидро- метеоролошки работи, никаде, во ниту еден е медиум или на страницата на УХМР ги има измерените температури.
Минаа повеќе од две години од нејзиното свечено отворање, кога директорот Ромевски најави дека и Велес влегува на метео мапата, тоа никогаш не се случи.
Се испофалија дека инсталираа метео станица, ама никогаш не ги видовме вредности. Температура, врнежи, ветер –правец и брзина, не сме виделе. И сега на овие пеколни температури не знаеме колкави се вредности за Велес. И натаму бараме средна вредност помеѓу Штип, Скопје и Кавадарци, демек нешто како средина сме – велат велешани.
Последни вредности кои ги имаше на веб страницата на УХМР, каде го имаше Велес беа во средината на ноември лани. Оттогаш ги снема, исчезнаа. Велешани можат да претпоставуваат колкава е измерената температура во градот, каде поради голите ридови во околината, веруваат дека е повисока од други градови. Од УХМР велат дека имаат технички проблем.
Има проблем во конекцијата со метео станицата во Велес и вредностите не стигнуваат до централата. Се работи тие да се отстранат. Синоптичарите велат дека во ударниот термин од 14ч. ја има температурата за Велес и дека МТВ ја емитува – изјавија од УХМР.
Tweet |