Петар Печков
Објавено: понеделник, 04 април 2016
Мина една година откако Велес доби метеоролошка станица. Поставена е во близина на зградата на Болницата и тамошниот хелиодром. Тогаш беше најавено дека наскоро велешани ќе можат да добиваат податоци за температурата, врнежите, брзината и правецот на ветерот.
Но по 12 месеци, податоците кои нетрпеливо ги чекаа, велешани никако да ги добијат. Никаде ги нема, не е познато на колку степени живееме лете или зиме, дали и колку вренжи паднале и од која страна дува ветерот. На поставеното прашање до надлежните од Управата за хидро-метеоролошки работи на Македонија, одговорот е дека апаратот работи ама никој не ги прикажува вредностите.
Медиумите креираат свои табели и ние тука не можеме да се мешаме во нивната уредувачка политика, што тие ќе објавуваат. На веб страната на нашата служба тие можат да се видат и прочитаат, исто како и прогнозите за наредните денови - изјавија од УХМР.
ТРМР ќе се обиде технички да ја реши оваа новина и наскоро дневните вредности кои се однесуват за Велес, посетителите редовно да ги добиваат и бидат достапни за јавноста. Патем за илустрација и за пример највисока темепратура деновие кои изминаа во Велес беше на 31 март, четврток во 16 часот од 25 степени.
Tweet |