речник контакт

Мечка го нападнала сточарот, додека го напасувал стадото крави

Сточарот заедно со неговите кучиња водел водел борба за живот

Петар Печков

Додека ги напасувал кравите на планината Мукос, прилепчанец  бил нападнат од мечка и се здобил со тешки повреди, па е хоспитализрана во велешка болница. Настанот се случил на 7 април, а лицето било донесено во велешка болница ден подоцна.

„На Ургентен центар донесено е лице кое се зажело на повреди на нозете, по напад од мечка. По извршените претраги и снимања констатирана е скршеница на левата потколница, како и други телесни повреди. Потоа е пренесено на неврологија поради преживеаниот стрес, кaде му е дадена потребната нега. Повредениот сега е на одделението на ортопедија“ – соопштија од ЈЗУ Општа Болница Велес.

Настанот е потврден ид од велешката полиција.

„На 8 Април  во 21.30 часот во болницата во Велес, Ц.С.(60 год) од село Дреновци, прилепско, на полициски службеници од СВР Велес им пријавил дека на планината Мукос, атар на село Оморани, општина Чашка, додека напасувал крави, бил нападнат и каснат од мечка, која била избркана од неговите кучиња“ – информира Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Според блиските на сточарот, мечката го нападнала, се обидувала да го касне за стомакот, но тој успевал да се спаси и ги избегне гризнувањето, кое сигурно ќе му го загрозило животот. Помош имал од двете негови кучиња. Тој повреден  бил еден ден во планина, не се вратил дома, што било повод неговите блиски да го побараат и пронајдат .

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »