Петар Печков
Објавено: четврток, 19 јуни 2014
Во велешкото село Лисиче оваа седмица, мечка на двајца одгледувачи на пчели им го изела медот. Едниот од нив ја видел и вели дека станува збор за капиталец, редок пример на голема мечка. Поради тоа што им ги оштетува сандаците, тој сака да ја тужи за да може да добие дозвола за отстрел. И соседите стравуваат дека мечката може да предизвика сериозна штета по нивните пчели, но и по децата кои овој период повеќе се во околината на селото, отколку дома. .
Мечката ги нападна сандаците со пчели и го јаде медот. Ова се случува неделава . Првиот обид беше во неделата вечер, па во понеделникот и средата. Иако го поместив сандаците поблиски до куќата, таа нема страв доаѓа и ги јаде. Доаѓа исклучиво навечер и ноќе. Просторот го осветлив со светло за да не влегува, но ни тоа не помага. Не смеам да ја застрелам оти е заштитено животно. Ама јас имам штета и затоа размислувам да ја тужам, за да се добие дозвола за отстрел – вели Видан Панвлов.
Тој бил ловец 50 години и според стапките од мечката вели дека е капиталец, каков што одамна нема видено. Освен нему и на уште еден соселанец му ги нападнала сандаците. И останатите селани кои чуваат пчели се плашат да не останат без сандаци, мечката да се заврти и кон нивните роеви и медот. Така тие се судруваат со проблем дека имаат помалку сандаци од пријавените при контролата од Министерството за земјоделие а за субвенции за одгледување на пчели.
На Павлов не му е јасно зошто сега во пролет кога има толку многу за јадење, таа доаѓала на периферијата од селото и јадела мед. Познавачите на оваа проблематика објаснуваат дека процедурата за отстрел на мечка е регулирана со закон. Требало да се започна постапка пред надлежното Министерство за земјоделие и шумарство, за да се докаже дека мечката прави сериозна и голема штета, дека е опасна по луѓето, тогаш може да се добие дозвола да се застрела.
Такви случи во Македонија биле малку, на прсти се броеле, бидејќи освен што требало да се докаже големината на штетата, требало да се докаже и која е таа мечка како примерок која ја предизвикува штетата.
Tweet |