Петар Печков
Објавено: вторник, 24 октомври 2023
Во текот на вчерашниот ден, понеделник помеѓу селата Пласница и Ораоец, општина Македонски Брод, мечка нападнала возрасен човек, соопштија од Центарот за управувње со кризи.
„Тој бил спасен од ловци кои случајно биле на лов во близина на местото на нападот и откако слушнале повици за помош испукале неколку истрели во воздух после што мечката побегнала а нападнатото лице кое било силно преплашено се здобило со телесни повреди“ - информираа од ЦУК.
Есенва жителите на село Жировница бараа помош поради големиот број на мечки, кои се симнаа во селото, поради недостиг на храна во планината.
фото ЦУК
Tweet |