речник контакт

Меѓународна кајакарска ,,Вардарска регата,,

Осумдесет учесника од десет земји од Велес тргнаа да пловат по Вардар, до Гевгелија

Петар Печков

Осумдесет учесника од десет земји денес  од Велес тргнаа на пловат по Вардар, до Гевгелија. Сите тие се професионални кајакари, кои три дена ќе пловат до границата со Грција. Учесници се од Германија, Австрија, Чешка, Словачка, Бугарија, Србија, Швајцарија, Романија,  Унгарија и Македонија. Повеќето од нив се учесници на регатите и пловеле  по Дунав, Драва, Дрина, а од годинава Вардарската   е влезена во календарот на европските регати. Таа се вози по повод денот на сесловенските просветители браќата Кирил и Методиј.

Ова регата  е специфична по тоа што на неа учествуваат професионалци, луѓе кои возат и по многу потешки патеки. Таа нема натпреварувачки карактер, туку чисто туристички, на луѓе кои сакаат да го чувствуваат адреналинот во крвта. Се вози исклучиво во кајаци, нема сплавови, моторни чамци, туку само во овие спортски  чамци - вели Александар Коцев од параглајдерскиот клуб ,,Аквила,, кој е организатор на регатата во Македонија.  

Учесниците ќе престојуваат во Македонија три дена и ќе ноќеваат во Стоби и Демир Капија, и сами го финансираат престојот и кајакарењето по реката. Очекуваат дека нема да имаат проблеми по Вардар, бидејќи истиот е со високо ниво на водата  за пловење.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »