Петар Печков
Објавено: петок, 22 април 2016
Велес железнички е меѓународно блокиран. Меѓународните возови број 335/334 и 337/336 на релација Белград – Солун и обратно, се за внатрешна употреба, на релацијата Табановце - Гевгелија и обратно. Не возат ниту кон Белград, ниту кон Солун. Од 18 април експресот не сообраќа кон Белград и така ќе биде до 18 јуни. Причина за двомесечниот прекин е поради изведување на градежни работи на железничката линија на територијата на Србија, на делницата Ниш до Прешево и државна граница со Република Македонија.
Не сообраќа ниту меѓународниот воз до Солун и обратно. Поради штрајк на миграните, кои ја имаат запосднато пругата кај Идомени. овој воз не сообраќа еден месец неизвесно е кога ќе бидат отстранети протестантите од пругата.
Така патниците од Велес кои сакаат со воз да патуваат до Белград - Србија или Солун Грција во наредните месеци ќе треба да користат друг превоз. Затоа пак останува да сообраќа овој воз на внатрешната релација Табановце - Гевгелија и обратно.
Tweet |