Петар Печков
Објавено: петок, 28 октомври 2016
На меѓународниот традиционален саем на бизнис туризмот, кој минатиот викенд се одржа во Белград, ,,Хотелот & спа ,,Гарденија,, од Велес доби награда ,,Туристичка призма,, .
На саемот кој се одржа во Белградскиот хотел ,,Зира,, наградени беа 11 туристички организации и хотели од Југоисточна Европа. Тие добија признанија за ,,нов квалитет во туризмот,, и со овие награди саат да се подигне нивото на туристичките услуги и да се стимулираат туристичките идеи во туризмот во регионот.
Меѓународното новинарско жири избра 11 добитници на наградата ,,Призма 2016,, Меѓу нив е и ,,Хотелот & спа ,,Гарденија,,. Сопственикот Зоран Мирсинов истакна дека ова награда е признание за вложувањата во туризмот и подигнувањето на нивното на услугите кон гостите.
Остана запишано дека пролетва како гостин во Хотелот престојуваше 60 милиони евра скапиот фудбалер на Уругвај и ПСЖ Кавани. Беше гостин и Балканската поп ѕвезда Жељко Јоксимовиќ. Деновиве пак во Хотел ,,Гарденија,, е видена Славица Еклстон.
На листата на добитниците се наоѓаат и: ресторанот ,,Стара кафана,,Белград, хотел Галерија – Суботица, Хотел ИН Белград, Дукли хотел Будва, Хотел Пунтијар Загреб, Хотел и ресторан Сенгалија Скопје, Римски терми од Топлица Словенија, туристичката заедница на градот Крк –Хрватска.
Tweet |