речник контакт

Меѓусемејна тепачка на Рамина за маалско недоразбирање

Тепачка и во село Рудник и двете страни пријавиле дека биле тепани

Петар Печков

СВР Велес со писмено соопштение информираше за два инциденти кои се случија продолжениот празничен викенд. На Рамина, се степале две фамилии, поради маалско недоразбирање а во село Рудник тепачка, за која и двете страни тврдат дека биле нападнати од другиот. И двата инциденти се случиле во време на полициски час,

Понеделникот на 25-ти мај  околу 21 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Јордан Џурнов“, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу А.М.(45) и неговата сопруга Е.Ј.(42), од една страна и С.К.(36) и неговата сопруга А.К.(34), сите од Велес – соопшти Веерољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. 

Неделата на 24-ти мај околу 18 часот во СВР Велес било пријавено дека во село Рудник во дворот од семејната куќа, Ж.Ф.(31) од Скопје, по претходна расправија, бил нападнат од В.Н.(58). Истиот ден околу 19.50 часот во СВР Велес, В.Н.(58) од Скопје дека во дворот од семејната куќа во с.Рудник бил физички нападнат од К.Ф.(57) и неговиот син Ж.Ф.(31) – информираше Додевски.

И за двата случаи од СВР Велес најавуваат дека  по целосно документирање ке биде поднесена соодветна пријава. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »