речник контакт

Мики Секуловски пее песни на Калиопи

Вицешампионот на Македонскиот Идол, започна соработка со Калиопи Мјузик продукција

Петар Печков

По најавата за соработка на вицешампионот на Македонскиот Идол - Мики Секуловски со Калиопи Мјузик Продукција, на радио брановите во Македонија слушателите ќе можат да ја чујат неговата нова песна – Нена.

Калиопи која е автор на музиката и текстот, специјално ја напиша оваа песна за Мики, додека пак аранжманот и продукцијата на истата се на Оливер Димитров.

Нена треба да го означи новиот почеток на Мики по неговата подолга пауза од финалето на Македонскиот Идол. Таму дел од жирито беше токму Калиопи.

По промоцијата на песната која наскоро ќе добие и свој видео запис, од КМП најавуваат уште многу нови песни за момчето со вонсериски глас, кое плени со својата скромност и посветеност на музиката

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »