Петар Печков
Објавено: недела, 20 октомври 2013
Десетата јубилејна питијада ќе се одржи на 1-ви, 2-ри и 3-ти ноември на улицата Благој Ѓорев, спроти Гимназијата, каде беше и лани. Познати се и имињата на музичарите кои ќе ги забавуваат велешани и гостите годинава. На 1-ви ноември е македонскиот фолк пеач Миле Кузмановски, додека на 2-ри е Црвена јабука.
Босанскиот бенд оваа информација веќе ја потврди на неговата страница. Нивниот концерт во Велес доаѓа помеѓу нивните настапи во Сплит, Мостар и Загреб, Франкфурт. Извесно е дека годинава ќе има многу поголем број на пита мајстори, како што и наликува на градот кој има век и повеќе традиција во подготовката на питата пастрамлија. Одбројувањето започна
за тие што не веруваат: http://crvenajabuka.org/datumi-koncerata
Tweet |