Петар Печков
Објавено: среда, 19 февруари 2020
Минатата седмица грипот го забележал пикот, највисоката бројка на пријавени годинава, заболени лица со 808 лица. Најмногу од нив 384 се деца на возраст од 5 до 14 години. Потоа следи заболени во широка група од 16 до 64 години со 319.
Многу малку лица се заболени од највозрасната група +65 години со само 20, информираа од Центарот за јавно здравје во Велес. Споредбено со овие 808 заболени велешани, во Кавадарци во истата седмица, кој е под надлежност на Центарот за јавно здравје Велес, имало регистрирано 1049 болни.
Многу деца од школска возраст се заболени од грип, 384 се голема бројка. Факт е дека највозрасната група максимално ја искористи можноста за бесплатно вакцинирање, многу малку деца беа вакцинирани, иако имаше можност. Три и пол илјади бесплатни вакцини беа доделени за Велес и искористени во ,,Мој термин,, кои можеа да ги користат и деца и трудници а сега колку беа искористени и зошто така малку е прашање за родителите. Зошто само бабите и дедовците ги искористија бесплатните вакцини - кажа прим. д-р Билјана Трајкова, епидемиолог од Центарот за Јавно здравје во Велес.
Според бројките добиени во оваа здравствена институција, седмицата прва во февруари, имало регистрирано 83, за цел јануари 88 болни од грип а во декември само осум.
И додека надлежните молчат за евентуално прогласување на епидемија, во училиштата во Велс бројот на присутни ученици се бројат на прсти од рацете.
Од 24 ученици, минатата седмица на настава некои денови имав само по четири деца - вели одделенска наставничка од велешко ОУ. Но за ова решава комисијата за заразни болести, која ја носи одлуката за затворање на училиштата поради епидемија.
Tweet |